Тренерот на Интер, Симоне Инзаги изјави дека утрешното дерби со Милан нема да биде одлучувачко во трката за титулата.
Инзаги истакна дека сезоната е долга, а во трката за титулата го сврсти и Јувентус, кој моментално е на 5-та позиција на табелата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не очекува многу интензивен период, ќе биде возбудливо. Сум играл многу дербија и знам дека во вакви натпревари нема фаворити. Не мислам дека овој меч ќе биде одлучувачки за титулата. Сезоната е долга и има многу натпревари, но овај сигурно е еден од најважните“, изјави Инзаги.
„Покрај Милан и Наполи за Скудетото ќе се бориме и со Аталанта и Јувентус. „Бјанконерите“ беа мој фаворит пред почетокот на сезоната и во последните месеци се подобрија многу, а и многу се засилија на трансфер пазарот“, додаде Инзаги.