Во италијанскиот калчолигаш Лацио веќе се спремаат на живот без Симоне Инзаги.
Лацио во последното коло во Серија А пропушти прилика во директен дуел против Интер да избори пласман во ЛШ, а тоа ги подгреа гласините дека тренерот Инзаги се наоѓа на излезните врати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Евентуалното заминување на Инзаги во Лацио сакаат да го дочекаат спремни и наводно веќе пронашле резервна опција, односно го контактирале Португалецот Серџо Консеисао. Се работи за стратег кој изградил солидна репутација, а низ кариерата, помеѓу останатите ги предводеше Порто, Нант, Брага…
Консеисао е доста познато име во Рим, кој своевремено како играч имаше прилика да игра за Лацио.
Што ќе испадне од овие шпекулации останува да видеме.