Поранешниот прв човек на Партизан, Драган Ѓуриќ откри дека Џејми Варди можел да заигра за Партизан, но клубот немал доволно пари да го доведе.
Ѓуриќ откри дека главна причина затоа што стапиле во контакт бил Аврам Грант. Израелецот кој во својата кариера го водеше и Челзи еден период седеше на клупата на белградските црно-бели.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кога Грант дојде побара од над да го доведеме Варди, беше убеден дека за неколку години клубот одлично ќе заработи од него. Но, ние немавме пари, Англичаните бараа еден милион евра. Во тоа време клубот немаше генерален спонзор и немавме идеја од каде може да најдеме пари. Денес во Партизан е поинаку, меѓутоа тогаш беше друго време“.
Тоа се случувало помеѓу 2012 и 2013 година кога Варди играше во петтата лига во Англија.
„Не беше премногу тоа што клуб од петта лига за него бараше милион евра. Тоа е Англија и Варди уште тогаш беше страшен голгетер, Грант добро знаеше да препознае таленти за таа работа беше мајстор, посебно за фудбалери од Англија. За жал кризата не спречи да го доведеме, едноставно не можевме да дадеме толку пари за еден играч кој во тоа време беше анонимец. Денес и Звезда и Партизан трошат милиони на странци кои подоцна не покажуваа ништо, тогаш такво нешто не смеевме да си дозволиме“, изјави Ѓуриќ.
Тоа што Партизан немал пари го искористи Лестер кој го купи Варди за нешто повеќе од еден милион евра. Во дресот на Лестер Варди постигна вкупно 118 голови.