Дома Фудбал Останато Им даде два гола, па Германците ја обвинија дека е – машко!

Им даде два гола, па Германците ја обвинија дека е – машко!

Откако претходно во јавноста се појави скандалот со селекторот на Замбија, Брус Мвапе кој наводно ги приморувал фудбалерките да спијат со него за место во тимот (ТУКА), сега се појави уште еден со оваа репрезентација.

Замбија одигра пријателски натпревар против Германија во кој победи со 3:2, а два гола во овој натпревар постигна репрезентативката на Замбија, Барбра Банда која Германците по мечот ја обвинија дека е машко.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Обвинувањата ги објави еден од најпознатите германски весници „Билд“ повикуваји се на фактот што на Барбра не и беше дозволен настап на Афричкиот куп на Нации. Пред ова натпреварување таа не ја помина процедурата за утврдување на полото поради превисокото ниво на тестостерон.

Банда во меѓувреме играше за репрезентацијата на Олимписките игри и сега има дозвола да игра на Мундијалот. Женското Светско првенство започнува на 21-ви јули, а Замбија ќе игра во група со Шпанија, Костарика и Јапонија.

Според сегашната ситуација Барбра ќе игра на Мундијалот, но се остава простор за реакција на ФИФА што би донело некаква промена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ванда Нара е минато: Оваа убавица е новата девојка на Икарди (Фото)

Фудбалерот Мауро Икарди и неговата избраничка Ванда Нара со години ги полнеа насловните ст…