Дома Фудбал Англија Има нов фаворит за тренерското столче во Арсенал

Има нов фаворит за тренерското столче во Арсенал

Менаџерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто е фаворит да го замени Унаи Емери на клупата на Арсенал, тврдат медиумите на Островот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На Емери му се заканува отказ поради слабите резултати од почетокот на сезоната. „Топџиите“ немаат победа веќе шест меча и се на 8 бода од четвртото место кое води во Лигата на шампиони.

Еспирито Санто одлично го води Вулрверхемптон, го донесе до елитата, а минатата сезона избори учество во Лига Европа, а во моментов тимот е на 5-то место во Премиер лигата.

Во последно време многу тренерски имиња се поврзуваат со клупата на Арсенал. Како фаворити важеа помошникот на Гвардиола, Микел Артета и Маурисио Покетино.

Последните информации од Островот се дека токму Еспирито Санто е прв избор на раководството на „топџиите“ кои веќе стапиле во контакт со неговите агенти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола ги насмеа новинарите со еден потег и избега од прес-конференцијата (Видео)

Пеп Гвардиола порача дека Манчестер Сити до самиот крај ќе го брка Арсенал во трката за ти…