Дома Фудбал Италија Има ли некој кој не го сака Бремер?

Има ли некој кој не го сака Бремер?

Бразилскиот стопер Желсон Бремер игра фантастична сезона во Торино. Корпулентниот фудбалер е еден од најдобрите фудбалери во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со своите настапи Бремер го сврте вниманието на бројни големи европски клубови. Прв во редот за 25-годишниот Бразилец застана Интер, потоа се појави и Ливерпул…Покрај овие два европски гиганти листата е подолга за: Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Лестер, Њукасл, Атлетико Мадрид, Баерн, Борусија Дортмунд…Скоро сите големи европски клубови.

Бремер во Торино пристигна во 2018 година од Атлетико Минеиро и одигра повеќе од 100 натпревари за овој тим, но со посебно добра форма игра воваа сезона под водство на Иван Јуриќ.

Многумина Бремер го споредуваат со легендарниот негов сонародник Лусио кој во кариерата настапуваше за Баер Леверкузен и Баерн Минхен. Веројатно сезонава е вистински момент Бремер да го направи следниот чекор во кариерата…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почина легендарниот Кевин Киган

Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул и поранешен менаџер на Њукасл и Англија, Кевин…