Играч од кој многу се очекуваше кога дојде во Барселона сега е на излезната врата од клубот.
Чави не смета на неговите услуги и нема да биде премногу ѕагрижен доколку го напушти тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сергино Дест е еден од фудбалерите за кои тренерот на Барселона Чави Ернандез нема планови оваа сезона.
Американскиот бек се врати од позајмицата од Милан, но во Каталонија му рекоа дека не се смета на неговите услуги.
Чави го известил дефанзивецот дека нема многу да се потпира на неговите услуги во новата сезона, но Американецот инсистирал да му докаже дека може да заработи место во тимот.
Откако го виде на дело на американската турнеја, не се предомисли. Американецот не го импресионираше тренерот.
Така, фудбалерот е слободен да го напушти тимот во овој преоден рок, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Сергино Дест пристигна во Барселона во 2020 година за 21 милион евра, од Ајакс. Тој потпиша договор со важност до 2025 година.
Моментално Сергино Дест има откупна клаузула вредна 400 милиони евра, но сите знаат дека ќе замине за многу помалку пари.
Според Transfermarkt неговата вредност е само 10 милиони евра и не треба да замине за сума драстично повисока од тоа.