Дома Македонски спорт Мак фудбал Илчо Ѓорѓиоски се повлекува од ФФМ?

Илчо Ѓорѓиоски се повлекува од ФФМ?

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски се очекува во следните часови и официјално да си даде оставка од функцијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Својата одлука за повлекување од Федерацијата, Ѓорѓиоски се очекува да ја соопшти на членовите на УО на ФФМ на закажаниот состанок за утре од 12 часот.

Илчо Ѓорѓиоски изминативе шест години беше прв човек на ФФМ, а порталот „Екипа“ пренесува дека добил покана од претседателот на УЕФА Александар Чеферин.

До назначувањето на нов претседател, ФФМ ќе биде предводена од потпретседателите на федерацијата и првиот оперативец, генералниот секретар Филип Поповски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …