Репрезентативецот на Словенија, Јосип Иличиќ се врати на фудбалот и со Аталанта ги започна припремите за новата сезона.
Познато е дека Иличиќ се бореше со тешка депресија дури се шпекулираше дека може и да ја заврши кариерата. Тогаш разни извори тврдеа дека причината е неверство на неговата сопруга, но потоа таквите информации беа демантирани и се уште точната причина не е позната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како и да е проблемите сега се зад Иличиќ тој се врати во Италија и се посвети на ттренинзите на Аталанта.
Навивачите на Аталанта го дочекаа со убава порака и покажаа дека се со него во тешките денови.
„Иличиќ, Бергамо е со тебе“, стои во пораката.