Дома Фудбал Икарди се враќа, навивачите му порачаа: Немаш карактер, треба да си заминеш!

Икарди се враќа, навивачите му порачаа: Немаш карактер, треба да си заминеш!

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети сепак попушти под притисокот на раководството и го повика Мауро Икарди за утрешниот меч против Џенова.

Само пред два дена после поразот од Лацио, Спалети жестоко го нападна Икарди, но сега го промени мислењето и изјави дека Аргентинецот е конечно спремен психички за настап.

„Икарди е повикан. Марота заврши одлична работа со тоа што помогна да се надминат разликите помеѓу двете страни на прав начин. Мауро сега е во позиција да му помогне на тимот и Интер со него е поквалитетен. Тренеираше добро и ги испрати правите сигнали дека сака да помогне. Посилни сме со него, утре тој ќе биде стартер“, изјави Спалети.

Познато е дека навивачите на Интер се против Икарди поради целиот „скандал“ кој настана, па веднаш реагираа на ваквиот потег на Спалети.

„Навивачите на Интер сметаат дека Икарди нема карактер, не само за капитенската лента, туку и за соблекувалната на Интер. Го повикуваме Интер да преземе чекори кои ќе доведат до негово заминување од клубот. Вредноста на тимот мора да биде над поединецот и оние кои сакаат медиумско внимание“, стои меѓу останатото во соопштението од навивачите на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…