Дома Фудбал Италија Икарди се врати и погоди, но неговиот гол не се славеше на трибините (ВИДЕО)

Икарди се врати и погоди, но неговиот гол не се славеше на трибините (ВИДЕО)

После повеќе од еден месец, Мауро Икарди се врати во тимот на Интер.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Вчера Икарди беше стартер во натпреварот против Џенова во кој Интер запиша убедлива победа од 0:4. Икарди враќањето го обележа и со гол во мрежата на противникот.

Сепак после се што се случуваше ултрасите на Интер не го дочекаа Икарди со воодушевување.

Претходно навивачите на Интер испратија писмо до клубот со кое порачаа дека Икарди не е потребен на тимот.

На „Луиџи Ферарис“ вчера јасно можеше да се види дека ултрасите се уште не му простиле на напаѓачот. Кога Икарди погоди дел од навивачите започнаа да слават, но тогаш добија наредба од предводникот да бидат мирни и да не го слават голот на човекот кој за нив е „предавник“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова се чекаше: Меси ги избра фаворитите на Мундијалот!

Иако е во поодминати фудбалски години, големата ѕвезда Лионел Меси воопшто не размислува з…