Дома Фудбал Икарди: ПСЖ е најдобриот тим во кој сум играл до сега

Икарди: ПСЖ е најдобриот тим во кој сум играл до сега

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди ова лето го напушти Интер и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од Интер го отпишаа Икарди уште во март оваа година и беше јасно дека летоска ќе го напушти клубот. Аргентинецот тоа го направи во самиот финиш на летниот преоден рок и замина на едногодишна позајмица во ПСЖ.

Икарди синоќа одигра одличен натпревар во дербито против Марсеј и успеа да постигне два гола во победата од 4:0. После натпреварот аргентинскиот напаѓач гордо рече дека ПСЖ е најдобриот тим до сега во кој настапил.

„Среќен сум поради своите голови и победата вечерва. Играв за големи клубови во својата кариера, но овој тим на ПСЖ е најдобрата екипа со која сум играл. Се чуствувам одлично и знам дека можам да постигнам уште многу голови.“ – изјави Икарди.

Икарди во досегашниот дел од сезоната во дресот на ПСЖ одигра седум натпревари и постигна исто толку погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо по венчавката на тренинзите се врати со нов имиџ

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, повторно е на тренинг со с…