Лучијано Спаелти успеа да го подигне тимот на Интер на повисоко ниво, па Икарди и дружината сега конечно изгледаат како тим кој може да се бори за високи цели и трофеи.
„Нероаѕурите“ оваа сезона играат како препородени, но еден фудбалер бележи исклучителен напредок. Марсело Брозовиќ е моторот на Интер, а доколку има некој кој не се согласува со овој факт, добро нека ја погледнат статистиката. Пред само една година беше исвиркуван од фановите, но работите се сменија за 180 степени и сега Хрватот е главен играч во системот на Спалети.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Играта на „Епик Брозо“ не може да се споредува со таа на Пјаниќ и Модриќ, но Хрватот ја има диригентската палка кај „нероаѕурите“, а тоа го покажуваат и бројките. Брозовиќ е фудбалер со најмногу подавања во Серија А или точно 688 пасови. Иако многумина ќе речат дека тие пасови се према назад или на страна, сепак Хрватот го зазема првото место и со најмногу пасови во противничкото поле – 384. На второ место е Пјаниќ (313) и Алан (305).
??? | Marcelo #Brozovic correu incríveis 16,339 km contra a Inglaterra: novo recorde para uma partida de Copa do Mundo!
EPIC BROZO! ??#FCIM #Russia2018 pic.twitter.com/GZM2PpdY43
— Inter (@Inter_br) July 13, 2018
Притоа Хрватот е број еден во Италија по освоени дуели еден на еден, а ако ја погледнете километражата на Брозовиќ таа е навистина импресивна. Играчот на Интер истрчал најмногу километри во ЛШ и Серија А или 12 километри по меч.
Сето ова покажува дека „Епик Брозо“ е моторот по кој се движи „машината“ на Лучијано Спалети.
https://youtu.be/RSZLbvIrbBE