Мауро Икарди и неговите промашувања во дербито против Милан се тема на денот во Италија.
За среќа на Интер промашувањата на Аргентинецот не ги платија скапо и бодот од дербито е доволен за „нероаѕурите“ кои ја задржуваат солидната предност на местото кое води во Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интер беше поблиску до победата, но навивачите сега можат само да жалат што не се радуваа против градскиот ривал.
„Икарди промаши се“, „Маурито што ти се случи“, се само некои од насловите во Италија.
Од друга страна додека Икарди се припремал за натпреварот, односно бил во соблекувалната се шпекулира дека добил лоши вести.
Наводно на неговата сопруга Ванда Нара не и било дозволено да влезе на стадионот. Се уште не е познато што точно се случило. Обезбедувањето било упорно, но сепак по почетокот на дербито Ванда успеала да влезе на стадионот.
Сега, доколку „росонерите“ имаа намера на тој начин да го деконцентрираат и нервираат капитенот на Интер може да се каже дека им успеа.