Реал Мадрид вчера соопшти дека Лопетеги повеќе не е тренер на овој тим бидејќи клубот одлучи да му врачи отказ поради очајната серија резултати.
Кралевите се без победа веќе пет натпревари, а дури на четири натпревари беа поразени. После бламажата против лутиот ривал и поразот од Барселона со 5:1, претседателот на клубот Флорентино Перез одлучи да му се заблагодари за соработката на Лопетеги, кој на клупата на Кралевите стигна пред неколку месеци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веќе наголемо се шпекулира за тоа кој би можел да биде негов заменик, а шпанските медиуми најголема шанса му даваат на Антонио Конте. Сепак, се чини дека играчите не се среќни со изборот, а тоа најдобро ја покажува изјавата на капитенот Серхио Рамос.
„Почитувањето се заработува и не можете да дојдете со него. Не е битно името. Освоивме се што можевме со различни тренери и на крајот е важно тренерот да се посвети на запознавање со играчите, а не веднаш да почне со техничките работи. Тренерот не треба себе да се става пред играчите и пред нас да се докажува.“ – порача Рамос.