Дома Останати Изненадување: Цонга елиминиран од Ролан Гарос!

Изненадување: Цонга елиминиран од Ролан Гарос!

Аргентинецот Ренцо Оливо ја забележа најголемата победа во кариерата откако во првото коло на Ролан Гарос го елиминира домашниот фаворит Жо-Вилфред Цонга.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дуелот на Аргентинецот и Цонга се играше два дена бидејќи во вторникот беше прекинат, и тоа при водство на Оливо 7:5, 6:4, 6:7, 5:4.

Пласман во второто коло Аргентинецот избори денес откако успеа да го добие десеттиот гем од четвртиот сет. Во решавачкиот гем Цонга не реализира три топки за брејк, а потоа Оливо со прекрасен форхенд си обезбеди пласман во второто коло.

Противник на Аргентинецот во втората рунда ќе му биде Британецот Кајл Едмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ знае да биде голем и во поразот, погледнете што му кажа на Прижмиќ по мечот (Видео)

Младиот хрватски тенисер Дино Прижмиќ (20) приреди вистинско изненадување откако го победи…