Дома Македонски спорт Изненадување од Чаир: Шкупи ќе го менува Седлоски!?

Изненадување од Чаир: Шкупи ќе го менува Седлоски!?

Tурските медими пренесуваат дека македонскиот шампион Шкупи би можело да смени стратегот Гоце Седлоски. Наводно раководството на чаирчани отворило преговори со Ѓокхан Бозкаја, тренер на тимот на Фенербахче до 19 години.

Звучи навистина чудно, меѓуто „Милиет“ кој важи за еден најреномираните турски весници тврди дека преговорите веќе биле во завршна фаза. Наводно се одржале неколку средби и работата е на чекор од договор.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Преговорите добро напредуваат и наскоро може да се очекува официјален потпис“, пишува турскиот медиум.

Ова е големо изненадување затоа што Седлоски кој во клубот дојде во сезоната 2020/2021 сезонава ја донесе шампионската титула која на Чаир се чекаше две децении.

Шкупи во овој период е на подготовки во Турција, а времето ќе покаже дали овие информации на Турците се точни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…