Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Чаби Алонсо.
Од редовите на Баерн потврдија дека го сакаат Алонсо, но и потенцираа дека е скоро невозможно да го доведат (ТУКА), а сега изгледа од трката се откажува и Ливерпул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Ливерпул наводно се свесни дека Алонсо веројатно и наредната сезона ќе го води Леверкузен. Во медиумите веќе се споменуваат алтернативните решенија за клубот од „Енфилд“.
Сега како прв кандидат се споменува Рубен Аморим кој со тимот на Спортинг Лисабон бележи одлични резултати.