Лионел Меси важи за еден од најдобрите играчи, а многумина ќе кажат и најдобар играч на сите времиња. Кога таков играч ќе каже дека сте добар дефанзивец, тогаш тоа е голема пофалба.
Ѕвездата на Барселона во интервју за „ДАЗН“ заборуваше за најтешкиот противник кој го чувал на фудбалските терени и со неговиот избор Меси ја изненади јавноста.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Еден играч од Жирона, Мафео (Пабло). Тој претеруваше“, изјави Меси, мислејќи на тоа дека Мафео бил баш напорен и досаден, а со самото тоа и тежок ривал додека го чувал на теренот.
Инаку, Мафео е 22 годишен бек кој е член на Штутгарт, но во Жирона е на позајмица. Своевремено овој играч беше дел и од Манчестер Сити, но таму не доби премногу прилика за игра.
Меѓутоа со оглед на тоа што е млад му се предивува добра кариера, оваа сезона е стандарден во Секунда каде што одигра 19 натпревари и успеа да запише две асистенции.