Манчестер Јунајтед до затворањето на преодниот рок сака да донесе централен напаѓач на „Олд Трафорд“, а прва мета е Лука Јовиќ од Реал Мадрид.
Ова го соопшти експертори за трансфери Ди Марцио, кој открива дека „црвените ѓаволи“ работат на трансферот на српскиот напаѓач, а како алтернатива се споменува Единсон Кавани.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зидан и оваа сезона не смета на Јовиќ, кој е спремен да го напушти Мадрид во потрага по поголема минутажа.
Манчестер Јунајтед сака да го донесе Јовиќ на едногодишна позајмица со можност за откуп следното лето.
Доколку не успеат да се договорат со Реал Мадрид за Јовиќ, тогаш Јунајтед ќе се насочи кон Едисон Кавани, кој е слободен агент.
#Calciomercato | #ManchesterUnited, casting attaccante: ballottaggio #Cavani–#Jovic https://t.co/3kpMfhavQr
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) September 29, 2020