Дома Фудбал Останато Излегоа резултатите: Познато колку ќе отсуствува Нејмар!

Излегоа резултатите: Познато колку ќе отсуствува Нејмар!

Бразилската ѕвезда на ПСЖ, Нејмар избегна сериозна повреда, но е под знак прашалник за реваншот во Лигата на шампиони протов Реал Мадрид кој на програмата е на 6-ти март.

Нејмар го повреди десниот глужд и беше изнесен на носилки за време на мечот против Марсеј, а денес му беа направени детални испитувања.

Истражувањата покажаа дека Бразилецот нема фрактура или сериозна повреда на лигаментите, но играчот ќе носи специјална „шина“ на ногата во следните неколку дена.

Од ПСЖ не објавија колку дена ќе трае рехабилитацијата, па неговиот настап против Реал Мадрид е под знак прашалник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ пред сериозна казна

Душан Влаховиќ постигна гол во победата на Бешикташ во дербито против Фенербахче, но може …