Дома Фудбал Изгледа му нема спас – Роналдо заедно со своите сојузници го „брка“ Иско!

Изгледа му нема спас – Роналдо заедно со своите сојузници го „брка“ Иско!

real

Реал Мадрид игра одлично во Лигата на шампионите и се наоѓа во добра ситуација да го елиминира ПСЖ (победа од 3:1 во првиот натпревар), додека во Ла Лига на последната средба запиша победа од 5:3.

Сепак, изгледа во таборот на „кралевите“ постојат одредени проблеми. Веќе пишувавме дека дека Кристиано Роналдо не е задоволен од Иско и смета дека не му е местото во Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, не мисли така со Роналдо.

Според информациите на „Диарио Гол“, покрај Роналдо дури уште четворица фудбалери на Реал не го сакаат Иско во тимот, а тоа се: Герет Бејл, Карим Бензема, Лука Модриќ и Касемиро.

Наводно овие петмина се незадоволни од неговата игра, залагање, но и според нив непочитување на одредени договори од соблекувалната, па сметаат дека тоа ја нарушува атмосферата.

Иско играше одлично минатата сезона, според многумина беше еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, но оваа сезона игра далеку под очекувањата.

Претходно интерес за неговите услуги покажуваше Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо: Секоја недела ни е се потешко

Баер Леверкузен има за цел да ја продолжи својата извонредна серија од 47 натпревари без п…