Дома Фудбал Англија Изгласано е враќање на Премиер лигата – објавени и детали!

Изгласано е враќање на Премиер лигата – објавени и детали!

Англиските клубови едногласно гласаа за враќање на Премиер лигата на 8. јуни.

Како што објавија англиските медиуми англиските клубови едногласно донеле одлука за продолжување на сезоната на 8. јуни и веќе извесно е дека едно од најдобрите првенства ќе го гледаме на почетокот на шестиот месец.

„Дејли Телеграф“ тврди дека оваа одлука ќе биде потврдена утре на состанокот на раководството на лигата, но договорот е веќе постигнат и сега се работи само на детали.

Веќе во текот на наредниот викенд ќе започна со тестирање на коронавирусот, на 11. мај ќе започнат тренинзите во помали групи, а од 18. мај ќе бидат дозволени и целосни тренинзите.

Клубовите ќе имаат три недели да се припремат за продолжување на сезоната.

„Враќање на Премиер лигата на 8 јуни. Оваа одлука е изгласна, никој не беше против“, потврди легендарниот Гери Невил.

Секако, натпреварите ќе се играат без публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бомба од Минхен: Баерн ја следи ситуацијата во Манчестер Сити и во јануари тргнува по една од ѕвездите?

Манчестер Сити се најде во големи проблеми по пресудата во случајот кој веќе со години го …