Дома Фудбал Останато Избран идеалниот тим и најдобриот играч во Лига Европа 📸

Избран идеалниот тим и најдобриот играч во Лига Европа 📸

Со финалето во средата помеѓу Рома и Севиља заврши Лигата на Европа, а трофејот по седми пати заврши кај шпанска Севиља.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Севиља е рекордер во ва натпреварување, додека капитенот Хесус Навас стигна до признанието за играч на сезоната. Навас сезоната ја заврши со три асистенции во второто по ранг европско натпреварување и за него беше четврти трофеј.

Навас доби место и во идеалниот тим на десната бековска позиција, а тука се уште тројца негови соиграчи: Голманот Боно, левиот бек Акуња и „мозокот“ на екипата Хрватот, Иван Ракитиќ.

Финалистот Рома, како и Севиља има четворица претставници:Пелегрини, Матиќ, Дибала и Смолинг.

Преостанатите места ги пополнија Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Бонифаци (Унион СГ) и Тах Баер Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ќе има зелен дрес за новата сезона, погледнете како изгледа (Фото)

Реал Мадрид го претстави својот нов гостински дрес за сезоната 2026/27, кој се издвојува с…