Дома Фудбал Лига на шампиони Идната среда играат Лига на шампиони, а се соочија со невообичаен проблем – крт на стадионот!

Идната среда играат Лига на шампиони, а се соочија со невообичаен проблем – крт на стадионот!

harkov

Пред првиот натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона Шахтјор Доњеск се соочи со невобичаен проблем.

Не, не се работи за тоа дека некој им ја краде тактиката, ако помисливте на тоа. Овој клуб има проблем со вистински – крт!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред натпреварот со Хофехајм идната среда на нивниот стадион се појавил крт кој ископал неколку дупки.

За среќа од клубот соопштија дека брзо го решиле проблемот со непосакуваниот гостин.

„Успеавме да го средиме теренот и да го фатиме кртот. Теренот сега е во одлична состојба“, соопштено е од клубот.

Во соопштението не се наведува што е направено со кртот.

Шахтјор своите натпревари ќе ги игра во Харков на стадионот на Металист поради нестабилната ситуација во Доњеск.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Капело избра четири фудбалски генијалци: „Кристијано не е тоа“

ФАБИО КАПЕЛО, легендарниот италијански тренер, на доделувањето на наградата Лауреус зборув…