Златан Ибрахимовиќ објави крај на големата кариера, се пензионираше на 41 година како играч на Милан.
Пред неколку години легендарниот шведски напаѓач го избра идеалниот тим составен од фудбалери кои му биле соиграчи. Златан во свој стил избра 10 бидејќи во тимот се стави и самиот себе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На голот место доби Буфон со кого беше соиграч во Јувентус од 2004 до 2006 година. На десната бековска позиција избра уште еден поранешен играч на Јувентус, Лилијан Туран.
Тијаго Силва со кого играше во Милан и ПСЖ го смести на позицијата централен дефанзивец, а него друштво му прави Алесандро Неста. Позицијата лев бек ја резервираше за Максвел за кого кажа дека е најелегантниот играч со кој играл.
Патрик Виера – Чави – Павел Недвед, така изгледа неговиот среден ред.
Во нападот го Златан избра да игра со Меси и Роналдињо.
Силна е клупата каде што се: Жулио Цезар, Андрес Иниеста, Фабио Канаваро, Џенаро Гатузо и Кларенс Сидорф.