Дома Фудбал Италија Игуаин се претстави: Милан фантастичен клуб, да го вратиме таму каде што припаѓа

Игуаин се претстави: Милан фантастичен клуб, да го вратиме таму каде што припаѓа

Гонзало Игуаин денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на Милан, откако вчера го комплетираше трансферот од Јувентус.

Аргентинецот зборуваше за амбициите во новиот клуб, за Јувентус, но и зошто го избрал Милан пред Челзи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сакам да му се заблагодарам на раководството што ми даде можост да играм во ваков голем клуб и што верува во мене. Веќе 12 години играм во големи клубови, а овде уште од првиот ден разбираш колку е голем Милан. Тренинг кампот Миланело е нешто специјално, историјата на клубот, големината. Ми се допаѓа идејата да му помогнам на Милан да се врати на врвот“, изјави Игуаин.

„За Јувентус имам само убави зборови, таму поминав две прекрасни години и им се заблагодарувам што ми овозможија да дојдам во Милан. Пресреќен сум што сум овде и се надевам дека ќе имаме одлична сезона“, додаде новата „деветка“ на „росонерите“.

Игуаин на крајот одговори на прашањето зошто го избрал Милан пред Челзи.

„Во Челзи ме сакаше само Сари, овде ме сакаат сите. Милан заслужува да се врати таму каде што припаѓа. Изборот беше лесен, Милан е еден од најголемите клубови во светот“, изјави Игуаин.

Покрај Игуаин, Милан го претстави и Калдара, кој исто така истакна дека е пресреќен што ќе игра во клубот на неговиот идол Алесандро Неста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…