Дома Топ вести Игуаин пристигна во Милано и ги поздрави навивачите на Милан и Јувентус! (видео)

Игуаин пристигна во Милано и ги поздрави навивачите на Милан и Јувентус! (видео)

Гонзало Игуаин вечерва пристигна во Милано!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинскиот голгетер пристигна во Милано, а веднаш по пристигнувањето ги поздрави навивачите на неговиот поранешен и иден клуб.

„Се чуствувам одлично, утре ќе бидат завршени медицинските прегледи и се надевам дека ќе потпишам договор. Сакам да ги поздравам навивачите на Милан, но исто така и оние на Јувентус кои секогаш ме поддржуваа“.

„Се надевам дека ќе играм одлично оваа сезона. Леонардо? Подобро да почекаме да се завршат тестовите и да потпишам договор. Гатузо? Зборував со него“, гласеше првата на Игуаин по пристигнувањето.

Игуаин пристигнува како позајмен фудбалер за 18 милиони евра, со опција Милан да го откупи неговиот договор за 36 милиони евра наредното лето.
Лекарските прегледи на фудбалерот се закажани наутро во 08:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…