Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин повторно доби повик во репрезентацијата на Аргетнина, каде што го немаше некое време.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Жорге Сампаоли одлучи го врати 31 годишниот напаѓач во тимот пред пријателските средби со Италија и Шпанија и тоа за напаѓачот ќе биде прилика да се наметне пред Светското првенство.
„Среќен сум што после шест месеци повторно сум член на репрезентацијата. Тоа е знак дека добро работев и се надевам дека ќе го убедам селекторот да ме повика во Русија. Не сум тука за да зборувам, мојата работа е да играм фудбал. Само ќе ги поздравам оние кои ме критикуваа, се надевам дека се среќни бидејќи јас сум“, изјави Игуаин.
Гонзало Игуаин за репрезентацијата на Аргентина одигра 68 натпревари и постигна 31 гол.