Дома Фудбал Италија Игуаин во Милан сака да го сруши сопствениот рекорд поставен уште во Наполи

Игуаин во Милан сака да го сруши сопствениот рекорд поставен уште во Наполи

higuain

Гонзало Игуаин како дел од еден од најизненадувачките трансфери ова лето во зделката помеѓу Милан и Јувентус во која учествуваа тој, Калдара и Игуаин го облече дресот на Милан.

Аргентинскиот голгетер во Јувентус пристигна на позајмица за која „росонерите“ на „старата дама“ ќе и платат сума од 18 милиони евра, додека целосен откуп на неговиот договор ќе ги чини 36 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сопствениот рекорд по бројот на постигнати погодоци Игуаин го постави во тимот на Наполи кога во сезоната 2015/2016 постигна 36 погодоци. После таа сезона направи трансфер во Јувентус со кој освојуваше титули во италијанското првенство и купот.

На почетокот на својата авантура во Милан, новинарите го запрашаа Игуаин за очекувањата кои ги има од самиот себе, а тој порача дека сака да го сруши сопствениот рекорд од 36 постигнати погодоци.

„Ќе биде тешко и го знам тоа. Но, секогаш кога почнуваш нова авантура бараш и нов предизвик и јас сигурно ќе се обидам. Всушност, за тоа и го играме фудбалот“, изјави Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…