Името на младиот парагвајски фудбалер, Роберт Рохас (23) не значи премногу за поголемиот број фудбалски фанови, но станува збор за талентиран фудбалер на кого му се предвидува добра кариера.
Рохас е член на шампионот на Јужна Америка Ривер Плата. Ривер Плата е клуб од светскиот крем и очекувањата се играчите што се дел од таквите клубови да немаат „обичен“ живот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Значењето во Јужна Америка на Ривер Плата е како она што го имаат во Европа Барселона, Ливерпул, Реал Мадрид…Меѓутоа Рохас и покрај тоа што игра за таков клуб навикнат е и да прави „обични“ работи.
Парагваецот е вистински пример дека никој не треба да заборави од каде доаѓа. Имено, место Рохас да ужива на некоја јахта тој се одлучи да работи на нива!
¡El Sicario trabaja en vacaciones! Robert Rojas está en su pueblo y mirá cómo mete mano para ayudar en la chacra familiar. Mandioca en mano, habló de #River ➡️ https://t.co/5qb8JUUkKj pic.twitter.com/jdwWnxDeni
— Diario Olé (@DiarioOle) June 7, 2019
Кога не добил повик за Копа Америка која започнува во петок тој одлучил да се врати кај своето семејство и да им помогне. Во родниот Кенсепсион тој му помагал на својот вујко во работата на нива.
„Ова ќе биде мојот одмор. Ќе работам она што можам за да му помогнам на вујко ми и семејство“, изјави Рохас.
Кариерата Рохас ја започна во Гуарани, а во Ривер дојде минатата година. Оваа година со Ривер славеше во Копа Либертадорес.