Уште од враќањето на Зинедин Зидан на тренерското столче во Реал Мадрид стана јасно дека за некои фудбалери нема место во неговиот тим.
Еден од нив е и Дани Себаљос, кој воопшто не добива шанса под раководство на Зидан. Пред крајот на сезоната францускиот стратег имал приватен разговор со играчот и му кажал дека е слободен да си бара нов клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не се секирај тренеру, и јас не сакам да работам со тебе“, му кажал Себаљос во очи на Зидан, открива весникот „АС“.
За Себаљос интерес покажуваат многу клубови ширум Европа, но најблиску до неговиот потпис е Тотенхем, кој го сака младиот Шпанец како замена за Кристиан Ериксен.