Играчот за врска на Милан и бразилски репрезентативец, Лукас Пакета поминува низ тежок период, како на терените така и надвор од нив, па завршил во болница.
Пакета минатиот јануари пристигна во Милан како големо засилување за 35 милиони евра, но оваа сезона се вклопи во „сивилото“ на тимот, а во последно време го загуби местото во стартниот тим.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Против Удинезе беше шести меч со ред како Пакета беше на клупата за резерви, па тоа додатно го зголемило неговото незадоволство, па завршил во болница поради депресија.
Медиумите тврдат дека покрај фактот што е разочаран од слабата минутажа, Пакета е и осамен во Милано, па тоа придонело за неговата депресивна фаза.
„Пакета работи одлично на тренинзите, но мора да го прифати изборот на тренерот. Во фудбалот не се важни само стартните 11, туку и тие кои влегуваат од клупата. Треба да биде свесен дека е многу квалитетн играч“, изјави тренерот Пиоли.
Вчера агентот на Бразилецот имаше средба со директорите на Милан, па би можел да ја промени средината до крајот на јануари.