Дома Топ вести Играчи на Барса кои биле на чекор од Реал Мадрид!

Играчи на Барса кои биле на чекор од Реал Мадрид!

Серхио Бускетс и Серџи Роберто денес се незаменливи на своите позиции во тимот на Луис Енерике, но лесно можеле да завршат во Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа во интервју за „Кадена сер“ го потврди скаутот Маноло Ронеро, кој веќе 25 години скаутира играчи за клубот од Каталонија.

Бускетс беше повикан како дете да дојде во Реал Мадрид, но Барселона веднаш реагираше. Се беше договорено, и требаше да дојде на проба на седум дена, но Барса успеа да го стопира трансферот. Што се однесува за Роберто, тој практично имаше се договорено и требаше да премине во школата на Реал. Разговараше и со своите родители, но на крајот ја одбра Барса“, изјави Ромеро.

Бускетс е незаменлив во тимот на Барса во последните осум години, откако Гвардиола го воведе во првиот тим во 2008 година, додека Роберто стана десен бек после заминувањето на Дани Алвеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…