Дома Фудбал Англија Играчите се побуниле против Артета, познати фаворитите за негов наследник

Играчите се побуниле против Артета, познати фаворитите за негов наследник

Aрсенал игра катастрофално оваа сезона под водство на Артета, тимот се наоѓа на 15. позиција на табелата во Премиер лигата, а изгледа Артета има проблеми и во соблекувалната.

Англиските медиуми пишуваат дека против Артета се побуниле: Давид Луиз, Озил, Сократис и Џака. Овие играчи сметаат дека Артета е главниот виновник за ваквите резултати на Арсенал.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сопствениците секако се незадоволни, клубот е само на пет бодови од зоната за испаѓање, но изгледа дека уште нема да го сменат Артета, барем не до крајот на оваа календарска година. Сега Арсенал го дочекува Саутемптон, гостува во Евертон, па следи меч со Сити во Лига Куп, а до крај годината ќе ги чекаат уште Челзи и Брајтон. Ситуацијата е јасно, распоредот е тежок, но ако нема подобрување на играта и резултатите на Артета ќе му биде покажана излезната врата.

Масимилијано Алегри е фаворит според обложувалници, тука е уште легендата на клубот Патрик Виера кој неодамна доби отказ во Ница, се споменува и Тухел кој може да добие отказ во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…