Златан Ибрахимовиќ даде коментар за ситуацијата на Килијан Мбапе, кој не замина на подготовки со ПСЖ во Јапонија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мбапе влезе во конфликт со раководството на ПСЖ бидејќи одбива да биде продаден сега и сака следното лето да замине како слободен агент.
„Дали направи добар потег со тоа што лани го продолжи договорот со ПСЖ? Мислам дека тоа му одеше во прилог на клубот, а не нему. Тој се стави во ситуација каде сакаше да биде поголем од клубот, но тоа е невозможно. Кога едно момче ќе стане толку моќно, тој многу лесно може да заработува огромни пари. Мислам дека најголем проблем е тоа што родителите се негови агенти, адвокати, советници и тренери“
„На овој начин го губиш својот идентитет и спортската дисциплина. Денес гледаме дека родителите сакаат да бидат поголеми ѕвезди од самите фудбалери. Тие се појавуваат во медиумите, зборуваат за фудбалот и бизнисот, а треба едноставно да замолчат. Вашиот син треба да работи, да се посвети на фудбалот и да биде максимално дисциплиниран“, изјави Ибрахимовиќ.