Легендарниот Златан Ибрахимовиќ зборуваше за италијанските медиуми за ситуацијата во која се наоѓа и можноста на крајот од сезоната да оди во пензија.
Ибрахимовиќ се уште игра на високо ниво и покрај годините е еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Чувствувам блага паника поради можното заминување во пензија. Планирам да играм колку што е можно подолго, се додека постигнувам добри резултати и не патам на теренот. Не сакам да жалам по завршувањето на кариерата, морам да го искористам максимално моето време во фудбалот.
Швеѓанецот очекува да не му биде лесно да се навикне на животот после пензионирањето.
„Адреналинот кој го чувствувам сигурно нема да биде ист. Програмиран сум да се разбудам, да одам на тренинг, да се вратам дома и да одморам. Така е веќе 25 години, но еден ден ќе се разбудам без планови. Тоа ќе биде чудно чувство“, изјави Ибра.
Новинарите ги интересираше со што би се занимавал Ибра по завршувањето на кариерата.
„Не знам, ќе видам кога ќе дојде време за тоа. Можеби ќе започнам нешто ново и ќе се повлечам од јавноста. Мислам дека публиката најмногу ќе тагува за мене, нема да може да ме гледате како играм. Уживајте во моите игри затоа што ваков фудбалер повеќе нема да се појави“, изјави легендарниот напаѓач.
Кариерата Ибрахимовиќ ја започна уште во 1999 година во шведски Малме и ќе биде навистина чудно да се следи фудбалот без лик каков што е Ибра.