Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ибрахимовиќ: Светското првенство, без мене не е Светско првенство! (Видео)

Ибрахимовиќ: Светското првенство, без мене не е Светско првенство! (Видео)

Потенцијалното учество на Златан Ибрахимовиќ на претстојното Светско првенство е предмет на дебата веќе со месеци.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако после Европското првенство во Франција соопшти дека завршил со настапите за репрезентацијата, после преселбата во МЛС лигата и пласманот на Шведска на Мундијалот, Ибра изгледа се го променил мислењето.

Прашањето во врска со заминувањето во Русија го дочека Швеѓанецот во популарното шоу „Jimmy Kimmel Live“.

„Одам на Светското првенство. Повеќе од тоа не смеам да кажам, во спротивно ќе завршам на бесилка. Но, Светското првенство, без мене не е Светско првенство“, изјави Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ дресот на Шведска го носеше од 2001 до 2016 година и постигна 62 гола на 116 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Големи промени во Тиквеш – остана без стручен штаб (ФОТО)

Големи промени во раководството и стручниот штаб на Тиквеш 1930 беа донесени по одржаниот …