Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Рагник? Кој е тој?

Ибрахимовиќ: Рагник? Кој е тој?

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ повторно најави дека би можел да замине од Милан.

Ибрахимовиќ наводно е против претседателот на управата на Милан, Иван Газидис, а сега е објавено дел од интервјуто за „Sportsweek“ кое излегува во сабота.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ибра игра за нешто да освои или во спротивно ќе остане дома“, одговори Швеѓанецот на прашањето за неговата иднина.

„Кога одев во Америка ми зборуваа дека е премногу лесно, па се вратив во Милан. Тука сум чисто поради страст бидејќи во основа играм бесплатно…Тогаш ситуацијата со Ковид се запре и помислив можеби нешто ми кажува дека треба да се повлечам. Но за среќа се вратив на терен и мојата повреда помина. После два дена успеав да се приклучам на тимот иако ми зборуваа „полека“. Ибра е таков“.

„Ибра е роден за играње фудбал и се уште сум најдобар во тоа. Ќе видиме како ќе се чувствувам за два месеци. Ќе видиме што ќе се случува со клубот. Ако е ваква ситуацијата можеби нема да ме гледате во Милано следната сезона. Ибра не е играч за Лига Европа, а Милан не е клуб кој припаѓа таму“.

На крајот Златан беше запрашан за Ралф Рагник за кој на големо се тврди дека пристигнува во Милан по крајот на сезоната.

„Кој, Рагник? Не знам кој е тој“, во свој стил порача Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…