Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ: Премиер лигата не е ништо посебно, преценета е

Ибрахимовиќ: Премиер лигата не е ништо посебно, преценета е

ibrahimovic

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ во својата кариера го носеше дресот на голем број европски клубови.

Златан играше и во Премиер лигата каде што го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, но не успеа да стигне до трофејот во ова натпреварување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега Швеѓанецот зборуваше за квалитетот на Премиер лигата за која смета дека е преценета.

Ибрахимовиќ откако ја напушти Шведска настапуваше во Холандија (четири сезони) Серија А (седум сезони), Франција (четири сезони), Шпанија (една сезона) и Англија (една сезона). Освои 12 лигашки титули, но како што споменавме не се израдува на трофеј во Премиер лигата.

„Премиер лигата беше токму онака како што и мислев дека е. Преовладуваше навистина голема возбуда и незивесност, се игра брзо…Меѓутоа квалитетот воопшто не беше ништо посебно. Мораш да го издржиш темпото и интезитетот на натпреварите, но кога е техничкиот аспект во прашање таа е преценета“, смета Ибрахимовиќ.

Во својата една сезона во Премиер лигата, Ибрахимовиќ успеа да постигне 17 гола на 28 натпревари за Манчестер Јунајтед. После заминувањето од Јунајтед се одлучи кариерата да ја продолжи во САД во редовите на Лос Анџелес Галакси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…