Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ после Торино му одржал лекција на Пакета

Ибрахимовиќ после Торино му одржал лекција на Пакета

Поосле натпреварот против Торино кој Милан го доби со 1:0 во соблекувалната на „росонерите“ имало расправија, откриваат италијанските медиуми.

Според „Тутоспорт“, Ибрахимовиќ бил лут на соиграчот Лукас Пакета бидејќи сметал дека не се трудел доволно во натпреварот. Ибра во Милан беше доведен како некој кој треба да помогне на теренот, но и да воведе ред и очигледен е напредок од кога е тој во тимот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пакета против Торино не беше на нивото, па Ибрахимовиќ после тој натпревар му оддржил лекција. Се било завршено со зборовите на Златан, а Пакета ја прифатил критиката од постариот и поискусен соиграч.

Во Милано се надеваа дека влијанието на Ибра може да ги размрда останатите играчи и барем засега тоа се случува бидејќи „росонерите“ во поголем дел од натпреварите од кога дојде Златан изгледаат подобро во однос пред тој да биде тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…