Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ испиша историја во Серија А и испрати јасна порака

Ибрахимовиќ испиша историја во Серија А и испрати јасна порака

Златан Ибрахимовиќ испиша историја во Серија А откако синоќа стана највозрасниот играч кој постигнал гол во италијанската лига.

Ибрахимовиќ беше стрелец за Милан во синоќешниот пораз на гостувањето кај Удинезе (3-1) постигнувајќи гол од пенал во судиското продолжение на првото полувреме.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Швеѓанецот го собори рекордот на Алесандро Костакурта и стана највозрасниот стрелец во Серија А со 41 година и 166 денови.

„Костакурта нека си го задржи рекордот, овој навистина не ми треба. Горд сум што сум дел од историјата на овој клуб, со фудбалери кои направиле толку големи работи. Голот не донесе бодови, што беше најважно. Исто така бев горд што повторно бев капитен, но мечот не беше добар“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…