Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ за деновите кога беше позитивен на Ковид-19: Почнав да зборувам со ѕидовите, им дадов имиња

Ибрахимовиќ за деновите кога беше позитивен на Ковид-19: Почнав да зборувам со ѕидовите, им дадов имиња

Напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ имаше интервју за италијанските медиуми во кое помеѓу другото зборуваше и за моментите кога беше позитивен на Ковид-19.

Ибра го раскажа неговото искуство со вирусот, најтешко од се му било што мора да седи дома.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Кога ја добив информацијата дека сум позитивен бев смирен. Малку бев љубопитен, сакав да видам што ќе ми направи овој Ковид-19. Седев дома и чекав да видам што ќе се случува. Од симптомите имав главоболка, но не премногу силна. Исто така го изгубив чувството за вкус. Најлошо ми беше што морав да седам дома, кога седите и не правите ништо е навистина страшно. Едно време почнав да зборувам со куќата, на ѕидовите им дадов имиња“.

Иако претходно се шегуваше, сега Ибра беше сериозен и порача дека не вирусот не е шега.

„Вирусот не е шега и не треба да го предизвикувате. Мораме да носиме маска и да држиме дистанца“, изјави Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…