Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ за голот против Рома: 101 километар на час? Обично шутирам посилно!

Ибрахимовиќ за голот против Рома: 101 километар на час? Обично шутирам посилно!

Mилан против Рома ги освои трите бода, а најзаслужен за тоа беше Златан Ибрахимовиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ибрахимовиќ постигна одличен гол од слбоден удар со кој го отвори резултат, а потоа Кеси зголеми на 2:0. За Ибрахимовиќ голот против Рома беше 150 во Серија А и 400 лигашки во кариерата.

„Одлично одигравме, имавме голема самодоверба и во наш стил. Не беше лесно и не очекувавме дека ќе биде. Рома беше непоразена дома оваа сезона, но играме навистиан добро и мора да продолжиме вака“, изјави Златан.

Новинарите го запрашаа и за неговиот гол од слободен удар при кој топката се двиежеше со 101 километар на час.

„Обично оди побрзо! Најмалку 200 километри на час! Веројатно како стареам и ударот успорува“, одговори Ибра во свој стил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Како група момци од 200 милиони евра направија потрес во Серија А

Клубот Комо е основан на 25 мај 1907 година, а 117 години подоцна, на 24 мај 2026, го пост…