Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ за голот на кариерата: Им дадов подарок кој ќе го паметат цел живот (видео)

Ибрахимовиќ за голот на кариерата: Им дадов подарок кој ќе го паметат цел живот (видео)

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ наскоро ќе дојде до бројката од 500 голови во својата кариера, а одлучи да го избере најдобриот и оној кој според него никогаш нема да биде заборавен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ибрахимовиќ многу пати не оставил без зборови со своето фудбалско знаење, а наскоро ќе дојде до бројката од 500 голови во клупската кариера. Ибра после натпреварот за Ла Галкси против Минесота (2:2) одлучи да го избере голот на неговата кариера.

Погодувате – „ножичките“ против Англија.

„Постигнав многу голови кои луѓето ќе ги паметат, но оној кој сигурно никогаш нема да се заборави е против Англија кој го постигнав со „ножички“. На почетокот Англичаните сешто ми зборуваа, а во текот на натпреварот беа и безобразни, но јас им дадов подарок кој ќе паметат цел живот“, изјави Ибахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан Ристовски ќе игра за нов клуб

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски и официјално се раздели со чешкиот прволигаш …