Дома Фудбал Италија „Ибрахимовиќ е исто годиште со мојот татко, но и понатаму прави разлика“

„Ибрахимовиќ е исто годиште со мојот татко, но и понатаму прави разлика“

Фудбалерот на Милан Брахим Дијаз истакна големи пофалби на сметка на својот соиграч Златан Ибрахимовиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дијаз потенцираше дека и покрај тоа што Ибрахимовиќ е исто годиште со неговиот татко прави разлика на теренот.

„Тој е исто годиште како мојот татко, но и понатаму прави разлика на теренот. Тој покажува дека годините во фудбалот не се важни“.

„Ми дава добри совети и одлично се сложуваме. Но, тоа нема да доволно ако вие не работите добро, со него секогаш морате да работите повеќе. Во една прилика ми кажа: Уште не си завршил, сега мораш да правиш стомачни. Навистина е одлично да го имате како соиграч“, истакна Дијаз.

Дијаз за Милан одигра осум натпревари, постигна три гола и запиша една асистенција.

„Имам минутажа. Во Мадрид се чувствував добро, но сега го давам најдоброто и можам да придонесам. Овде е многу полесно“, наведе 21 годишниот Шпанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Агуеро и предложи засилување на Барселона во нападот: “Совршено би се вклопил”

Агуеро повеќепати истакна дека Хулиан Алварез совршено би се вклопил во системот на игра н…