Дома Фудбал Лига на шампиони Ибрахимовиќ: Го одигравме најлошиот натпревар, не заслуживме бодови

Ибрахимовиќ: Го одигравме најлошиот натпревар, не заслуживме бодови

Mилан вчера беше поразен од Порто и така се стави во тешка ситуација за место во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

„Росонерите“ имаат три порази во првите три натпревари. Вчера одиграа лош натпревар и можеа поубедливо да бидат поразени од тие 0:1. Златан Ибрахимовиќ после натпреварот беше реален и посочи дека неговиот тим не заслужил повеќе во овој натпревар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ова беше најлошиот натпревар од досегашните три и не заслуживме бодови. Треба да имаме предвид дека за многу од нашите фудбалери ова е прв настап во Лигата на шампионите и тие треба да созреат и да стекнат искуство. Како што можете да видите со искуството во Серија А нашата игра веќе се подобрува, така сметам дека со секој натпревар и во ЛШ треба да имаме напредок“, смета Ибрахимовиќ.,

Милан против Порто беше и без повредените Тео Ернандез, Брахим Диаз, Мајк Мањан и Франк Кеси.

„Ни недостасуваат некои фудбалери, меѓутоа фудбалот е таков. Јас само што се вратив и среќен сум што играв, сепак потребни ми се повеќе минути за да влезам во натпреварувачки ритам. До крајот имаме уште три натпревари и ќе се бориме се додека имаме шанси за следна фаза“, изјави Швеѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …