Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ ги чекал соиграчите во тунелот да им се извини

Ибрахимовиќ ги чекал соиграчите во тунелот да им се извини

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку во вчерашното дерби кон крајот на првото полувреме беа блиску до физичка пресметка.

Се започна кога Ибрахимовиќ при еден прекин го спомена зборот „вуду“ што било причина за бурната реакција на Лукаку. Откако си разменија низа навреди влегоа и во физички контакт за што двајцата добија жолт картон.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На стартот на второто полувреме Ибрахимовиќ беше невниматален, доби втор жолт картон и пред време го заврши дербито. На тој начин ги остави своите играчи на цедило.

Сега медиумите пишуваат дека Ибрахимовиќ ги чекал соиграчите во соблекувалната и им се извинил за својата невнимателност. Во таа прилика Ибрахимовиќ им разјаснил на своите колеги дека не користел расистички навреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лапорта избрал тројца фаворити за наследник на Чави

До крајот на сезоната Барселона ја очекуваат важни натпревари како во Примера, така и во Л…