Дома Фудбал Останато Иако договорот е раскинат, Арсенал се уште му исплаќа богатство на Озил

Иако договорот е раскинат, Арсенал се уште му исплаќа богатство на Озил

Германскиот фудбалер Месут Озил во јануари го напушти лондонски Арсенал и кариерата ја продолжи во Фенербахче.

Озил после скоро осум години го напушти Арсенал затоа што не беше во планвите на Артета. Поранешниот германски репрезентативец со Арсенал имаше договор до крајот на сезоната според кој заработуваше 350.000 фунти неделно. Затоа јасно беше зошто долго време одбиваше да замине.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во јануари од Арсенал соопштија дека постигнале договор со Озил за раскинување на соработката. Со Фенербахче Озил потпиша договор до летото 2024 година. Меѓутоа ниту во Турција не му оди баш најдобро и од доаѓањето во клубот одигра само седум натпревари, па јасно е дека ќе му треба време да ја врати формата после долгото време неиграње во Арсенал.

Сега се појави информација дека Арсенал се уште го исплаќа Озил иако договорот е раскинат.

Арсенал и Озил се договориле „топџиите“ да му исплаќаат 90% од неговата плата што е околу 315.000 фунти неделно за тој да замине. Ова значи дека иако Озил не е член на Арсенал до крајот на сезоната ќе инкасира7.38 милиони фунти.

Турскиот клуб од друга страна на Озил му ги исплаќа преостанатите 45.000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…