Дома Останати Кошарка НБА Зубац и Ленард го срушија Хјстон, Кари се врати и веднаш најефикасен, дабл-дабл за Јокиќ (ВИДЕО)

Зубац и Ленард го срушија Хјстон, Кари се врати и веднаш најефикасен, дабл-дабл за Јокиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс во дербито на Западната конференција убедливо го победија Хјустон со резултат 120:105.

Тимот од Калифорнија го забележа шестиот триумф во низа и со учинок од 43:19 е втор на Западот, додека Ракетите го запишаа вториот пораз во низа со скор од 39:22 и сега се на делба на четвртата позиција со Јута.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Благодарение на одличната игра тимот на Док Риверс во ниту еден момент не беше во резултатска неизвесност во Тојата Центарот во Хјустон. Клиперси предводени од силно мотивираниот Каваи Ленард брзо поведоа со 20:8, а од почетокот на вториот период до крајот констатно имаа двоцифрена предност. Кон средината на последната четвртина имаа и максимални 30 поени разлика.

Ленард уфрли 25 поени и додаде 6 скока и 5 асистенции, Монтерези Херис постигна 19, одличниот Ивица Зубац придонесе со 17 поени, 12 скока и една блокада, Пол Џорџ 13, а Маркус и Џамајкл Грин натпреварот го завршија со по 11 поени. Во екипата од Тексас Вестбрук беше најефикасен со 29 поени, 15 скокови и 5 асистенции, Харден остана само на 16 со 7 скокови и 4 асистенции, а Дануел Хаус 14.

Стеф Кари после четиримесечна пауза и пропуштени 58 натпревари се врати на терен и Голден Стејт кој сезонава е најлош тим во НБА беше блиску да го изненади шампионот Торонто (121:113).

Кари во својот повратнички натпревар беше најефикасен кај Вориорси со 23 поени, 7 скока и 7 асистенции за 27 минути поминати на паркетот. Кај победничкиот тим со Норман Пауел уфрли 37 поени што за него беше рекорд на кариерата.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ во победата на Денвер од 112:114 на гости кај Шарлот оствари дабл-дабл со 14 поени, 11 скокови и 8 асистенции.

НБА резултати:

Шарлот – Денвер 112:114

Хјустон – Клиперси 105:120

Сакраменто – Филаделфија 108:125

Голден Стејт – Торонто 113:121

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…